Почна изградбата на нова улица во селото Јакимово
- Општина Виница започна со изградба на нова улица во селото Јакимово, сообраќајница која беше едно од главните барања на неколку десетици жители од ова населено место.
Виница, 7 март 2026 (МИА) - Општина Виница започна со изградба на нова улица во селото Јакимово, сообраќајница која беше едно од главните барања на неколку десетици жители од ова населено место. Според мештаните, станува збор за една од најоштетените улици во селото, која била тешко проодна, особено при врнежи од дожд.
Со проектот е предвидена изградба на 300 метри од сообраќајницата со ширина од девет метри, при што ќе бидат изградени и тротоари.

Финансиските средства за овој проект се обезбедени од Министерство за транспорт преку заем од Светска банка по претходна апликација на Општина Виница. ис/
Фото: Општина Виница