Почна асфалтирање на главната улица на Љуботенски пат
- Општина Бутел соопшти дека денеска почнало асфалтирање на улицата „30“ - главна во населеното место Љуботенски пат, која е во должина од 900 метри.

Скопје, 12 април 2025 (МИА) - Општина Бутел соопшти дека денеска почнало асфалтирање на улицата „30“ - главна во населеното место Љуботенски пат, која е во должина од 900 метри.
-Асфалтирањето на улицата е дел од големата градежна офанзива – проект за реконструкција на 70 улици во износ од 150 милиони денари. Општина Бутел останува посветена на инвестиции во инфраструктурата и подобрување на животот на граѓаните во секое населено место, наведува Општината во соопштение. хс/
Фото: Општина Бутел