Почнаа градежни работи за детска градинка во кавадаречко Сопот
- Почнаа градежните работи за детска градинка во кавадаречкото село Сопот, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 10 јули 2024 (МИА) - Почнаа градежните работи за детска градинка во кавадаречкото село Сопот, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Село Сопот ќе добие ново детско катче за најмалите и најмилите. Започнаа градежните работи за реконструкција и адаптација на објектот во село Сопот, што ќе биде пренаменет во детска градинка на површина од 170 квадратни метри. Изведувач е фирмата „Бошкоски и Тошески инженеринг-Теракота Прилеп", соопштија од кабинетот на Јанчев.
Оттаму за МИА појаснија дека градежните работи се инвестиција на Општината, со близу два ипол милиони денари со ддв. свд/сст/
Фото: Фејсбук на градоначалникот Митко Јанчев