• петок, 22 ноември 2024

Почина јапонскиот комичар Кен Шимура

Почина јапонскиот комичар Кен Шимура
Токио, 31 март 2020 (МИА) - Јапонскиот комичар Кен Шимура (70), починал откако бил заразен со коронавирус. Тој е првата позната личност жртва на вирусот во Јапонија. Шимура ја започна својата кариера во раните 1970-ти и е еден од најпознатите комичари во земјата. Глумецот имал треска и респираторни проблеми, па бил пренесен в болница на 19 март. Во неделата, Јапонија потврди 68 нови случаи на коронавирусот само во Токио, а вкупно 1.800 заразени во земјата. Забележани се вкупно 55 смртни случаи. си/сд/

Остани поврзан