• петок, 27 декември 2024

Почина членот на мисијата „Аполо 11“, Мајкл Колинс

Почина членот на мисијата „Аполо 11“, Мајкл Колинс
Њујорк, 28 април 2021 (МИА) - Членот на мисијата да слета на Месечината со вселенското летало „Аполо 11“, генерал-мајор Мајкл Колинс, почина од рак на 91-годишна возраст, соопшти неговото семејство на Твитер. Во соопштението се наведува дека Колинс последните денови од животот ги минал мирно со членовите на семејството. - Мајк отсекогаш се соочувал со животните предизвици со благодат и смиреност и на истиот начин се приближи до последниот предизвик. Многу ќе ни недостасува. Од друга страна, ние сме свесни колку беше среќен Мајк што живееше таков живот. Ние ќе ја почитуваме неговата желба да не го жалиме, туку да го славиме неговиот живот, се вели во соопштението на семејството. Колинс е роден во Италија во 1930 година, се приклучил на американската армија во 50-те години од минатиот век, како и неговиот татко. Тој беше член на американското воено воздухопловство, а во 1963 година беше избран за вселенската програма „Аполо“. Беше дел од екипажот „Аполо 11“ во јули 1969 година. Колинс не слета на Месечината, туку беше во командниот модул „Колумбија“, кој леташе над површината, додека неговите колеги Нил Армстронг и Едвин Баз Олдрин слетаа и одеа по површината на Месечината. гт/

Остани поврзан