Почина сенаторот Џо Либерман
- Долгогодишниот демократски сенатор во американскиот Конгрес од сојузната држава Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД Џо Либерман почина синоќа на 82-годишна возраст.
Вашингтон, 28 март 2024 (МИА) – Долгогодишниот демократски сенатор во американскиот Конгрес од сојузната држава Конектикат и поранешен кандидат за потпретседател на САД Џо Либерман почина синоќа на 82-годишна возраст.
Семејството на политичарот соопшти дека Либерман починал поради компликации предизвикани од пад.
Тој беше првиот еврејски кандидат на гласачкото ливче на големите американски партии, во 2000 година со претседателскиот кандидат Ал Гор.
Едно од неговите најголеми наследства е неговата вклученост во формирањето на Министерството за внатрешна безбедност по терористичките напади на 11 септември 2001 година. јт/
Фото: ЕПА