• сабота, 18 мај 2024

Почина нобеловецот Кензабуро Ое

Почина нобеловецот Кензабуро Ое

Токио, 13 март 2023 (МИА) - Јапонскиот писател и нобеловец Кензабуро Ое почина на 88-годишна возраст, соопшти денеска неговата издавачка куќа „Коданша“.

Ое беше еден од најзначајните книжевни творци во Јапонија по Втората светска војна. Неговите дела се занимаваат со политички, социјални и филозофски теми, како што е нуклеарното оружје, невклопувањето во општеството и егзистенцијализмот. Тој ја доби Нобеловата награда за литература во 1994 година, а беше познат и како застапник јапонскиот на пацифистички устав и борец против нуклеарната енергија, пренесува јапонската новинска агенција Кјодо.

Во романот „Едноставен живот“ од 1990 година Ое се занимава со прашањето за децата со попреченост и семејството. И самиот имал син со попреченост. Меѓу неговите попознати романи е и „Тивко плачење“ од 1967 година - дело што ги преплетува митовите и историјата на јапонските шумски села со совремието. си/

Фото: Википедија.

Остани поврзан