• понеделник, 01 јули 2024

Почина меѓународно реномираниот актер Љуран Ахмети

Почина меѓународно реномираниот актер Љуран Ахмети
Скопје, 25 март 2021 (МИА) - Меѓународно реномираниот актер, Љуран Ахмети, почина на 46-годишна возраст како последица на коронавирусот. Ахмети беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии. Од 1998 година, тој играше во европскиот филм „Куклена претстава“ како и едни од главните улоги во сериите „Kurtlar Vadisi – Pusu“, „Mutlu Ol Yeter“, „Guzel Gunler“, „Son Yaz Balkanlar“, „Bahar Dallari“, „Limonata“… Љуран Ахмети е син на познат писател и публицист Џабир Ахмети, а зад себе остави ќерка, сопруга, сестра и родители. сст/дма/

Остани поврзан