Почина Клод Руиз-Пикасо, син на легендарниот сликар
- Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома.
Женева, 25 август 2023 (МИА) - Синот на големиот шпански сликар Пабло Пикасо, Клод Руиз-Пикасо почина во Швајцарија, потврди синоќа неговиот адвокат. Имаше 76 години.
Правникот не ја соопшти причината за смртта.
Руиз-Пикасо беше фотограф, графички дизајнер и филмски работник. Од 1989 година, синот на Пикасо управува со наследството на сликарот. Во јули објави дека заминува во пензија и дека задолженијата ѝ ги препушта на сестрата Палома.
Пабло Пикасо имаше четири деца. Највозрасниот син е Пауло, роден за време на врската со Олга Хохлова, кој почина во 1975 година. Потоа Маја, ќерка на Мари-Тереза Валтер, која почина во 2002 година. Клод и Палома се родени за време на врската со Франсоаз Жило. си/сд/
Фото: Јутјуб, фотоисечок