• петок, 15 ноември 2024

Почина еден од повредените полицајци кај Капитол, осомничениот убиен во нападот

Почина еден од повредените полицајци кај Капитол, осомничениот убиен во нападот

Вашингтон, 2 април 2021 (МИА) - Во нападот во Вашингтон кога осомничен напаѓач удри со автомобил во безбедносната ограда пред Капитол, почина еден од повредените полицајци, јави Вашингтон пост. 

Според Јогананда Питман, вршител на должноста шеф на полицијата на Капитол, еден од полицајците бил прободен со нож, откако осомничениот излегол од колата и се нафлил врз нив со ладното оружје. Тој веднаш бил застрелан од полицајците.

На 6 јануари годинава толпа од гневни поддржувачи на претседателот Доналд Трамп насилно упадна во Конгресот, при што загинаа неколку лица, меѓу кои и еден полицаец. 

Во престолнината на САД граѓаните се жалат поради сеуште забарикадираните улици во центарот на градот, и по неколку месеци по насилните настани на 6 јануари. Причината на денешниот инцидент се коментира и во тоа светло. кб/сд/ 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан