• четврток, 14 ноември 2024

Потрага по дрон кој навлегол во Полска за време на руско бомбардирање на Украина

Потрага по дрон кој навлегол во Полска за време на руско бомбардирање на Украина

Варшава, 26 август 2024 (МИА) - „Воен објект“ навлезе во воздушниот простор на Полска за време на утринскиот руски напад врз Украина, јавува Скај њуз.

Ова се случи во текот на најголемиот руски напад врз Украина во последниве неколку недели, при што Москва цели на енергетската инфраструктура во три региони.

Полската државна новинска агенција, ПАП, извести дека 100 војници започнале потрага по предметот.

Портпаролот на оперативната команда на полската армија, Јацек Горишевски, изјави дека најверојатно станува збор за дрон и дека можеби слетал на полска територија. Тој објасни дека потрагата е во тек, исклучувајќи можност објектот да е ракета.

- Објектот го бараат 100 војници на теренот и еден хеликоптер, изјави тој.

Горишевски додаде дека не може да се каже дали објектот е руски или украински, бидејќи временските услови не дозволиле визуелна идентификација.

Објектот влегол во полскиот воздушен простор во 4:43 часот по Гринич и радарите го изгубиле од вид во 5:16 часот.

„Поради временските услови не беше можно јасно да се идентификува, што го спречи несувањето одлука за негово соборување“, објави оперативната команда на платформата Икс. ссм/

фото: архива

Остани поврзан