Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу АТС ГРУП и турската МКЕ (во живо)
- Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу АТС ГРУП, единствената македонска компанија од одбранбената индустрија, и МКЕ, најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Република Турција.

Скопје, 27 март 2025 (МИА) - Потпишување на Меморандум за соработка помеѓу АТС ГРУП, единствената македонска компанија од одбранбената индустрија, и МКЕ, најголемата државна компанија од одбранбената индустрија на Република Турција.
На настанот присуствуваат високи претставници од двете држави, меѓу кои министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски,
заменик министер за национална одбрана на Република Турција Хеибет Муса, генералниот директор на МКЕ Илхами Келеш и сопственикот и CEO на АТС ГРУП Шефшет Демировски.
Како што соопштија од АТС ГРУП, ова партнерство е од стратешко значење за развојот на одбранбената индустрија и ќе овозможи трансфер на технологија, модернизација на производството и отворање на нови работни места. ев/
ФОТО: МИА