• недела, 30 јуни 2024

Потер за победата над Борусија: Не можам да ви опишам како се чувствувам

Потер за победата над Борусија: Не можам да ви опишам како се чувствувам

Лондон, 8 март 2023 (МИА) - Тренерот на Челзи, Греам Потер, ја коментираше победата над Борусија (2:0) во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите.

 

- Да бидам искрен, не можам да опишам како се чувствувам во моментов. Има многу емоции. Можете да ја замислите тензијата на крајот. Мислам дека момците одиграа фантастично. Беа многу добри, создадоа неколку шанси за гол, така што јас сум само среќен што стигнаа до победата. Сите сме во одлично расположение во моментов.

 

Во соблекувалната владееше одлична атмосфера. Сите се многу среќни. Сакавме да победиме и да стигнеме до четвртфиналето. Овој турнир е многу важен за нас. Победата ќе нè наполни со позитивна енергија во наредните недели, изјави Потер.

 

Борусија Дортмунд го доби првиот натпревар со 1:0, па Челзи со вкупни 2:1 се пласираше во четвртфиналето.

 

Противникот на „Сините“ од Лондон ќе биде познат по ждрепката по завршувањето на осминафиналната фаза од елитното фудбалско натпреварување. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан