• петок, 22 ноември 2024

Потврдена индиска мутација на коронавирусот во Грција

Потврдена индиска мутација на коронавирусот во Грција
Атина, 23 април 2021 (МИА) – Прв случај на видот Β.1.617, односно мутација на Ковид-19 што преовладува во Индија, е регистриран во Грција кај маж во градот Патра, јави дописничката на МИА од Атина. Од Националната организација за јавно здравје на Грција соопштуваат дека на 22 март било потврдено оти мажот е позитивен, откако шест дена претходно се појавиле симптомите, карактеристични за коронавирусот, но не била потребна хоспитализација. Заразениот немал контакт со позитивен случај или патување во странство. Според Националната организација за јавно здравје, конкретниот вид има низа мутации вклучувајќи ја и комбинацијата E484Q и L452R. Сепак, објаснуваат дека откриениот вид во Грција „не ја носи мутацијата E484Q, што се карактеризира како мутација која го избегнува имунолошкиот систем“, а досегашните податоци од анализите,  „сугерираат дека видот B.1.617 без мутација E484Q потекнува од САД, поконкретно од Калифорнија“. Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани 2.754 нови случаи на Ковид-19 со што бројот на заразени се зголеми на 329.134, а починаа 76 лица, односно 9.864 смртни случаи од почетокот на пандемијата. ср/гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан