• петок, 13 јуни 2025

Постекоглу: Во Билбао имаме можност да ја постигнеме главната цел

Постекоглу: Во Билбао имаме можност да ја постигнеме главната цел

Билбао, 21 мај 2025 (МИА) - Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу се огласи пред финалето на Лига Европа. Натпреварот против Манчестер јунајтед за него ќе биде јубилеен 100-ти.

-Тешко е да се оценат последните неколку години. Се обидов да се фокусирам на процесот за да го доведам клубот до ниво каде што би можеле да се натпреваруваме за трофеи, а истовремено да го подмладиме тимот. Беше достоен предизвик, но во Билбао имаме можност да ја постигнеме главната цел, изјави Постекоглу.

Финалето на Лига Европа меѓу Тотенхем и Манчестер јунајтед ќе се игра вечер со почеток во 21 часот.

Победникот од овој натпревар ќе обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан