• сабота, 23 ноември 2024

Поставени 16 нови дигитални табли во основните училишта во Кисела Вода

Поставени 16 нови дигитални табли во основните училишта во Кисела Вода
Скопје, 29 март 2022 (МИА) - Нови 16 дигитални табли се поставени во основни училишта во Општина Кисела Вода, кои се обезбедени од донација на општината преку партнерство со Центарот за развој на Скопски плански регион. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски при денешната посета на ООУ „Св. Климент Охридски”, во кое од вчера се поставени нови дигитални табли, истакна дека  со ова донација, смарт уреди и услови за унапредување на наставниот процес, има во сите училишни објекти во општина Кисела Вода. Тој потенцира дека денешниот проект за поставување на дигитални табли е само уште еден чекор во исполнување на ветувањето што го дадов на моите сограѓани за современи услови за сите ученици. - Денес сме во ООУ „Св. Климент Охридски” каде се поставени нови дигитални табли, како дел од проектот за осовременување на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини и знаења. Имено, преку партнерство со Центарот за развој на Скопскиот плански регион обезбедивме 16 смарт табли кои ќе бидат поставени во училиштата низ општината и ќе овозможат дополнително унапредување на наставниот процес. Инвестициите во образованието се поставени високо во приоритетите на делување во Општина Кисела Вода, за што се доказ бројните проекти кои веќе се реализираат. Ќе потсетам на проектот “Компјутер за секој наставник”, со кој Општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти, што, пак, овозможи поквалитетно изведување на онлајн наставата за учениците кои се во изолација и можност наставниците во целост да си ги извршуваат своите обврски на работното место, рече Ѓорѓиевски. Од општинската прес-служба информираат дека во ООУ „Св. Климент Охридски”, годинава настава посетуваат 418 ученици. Со денешната донација, во сите училници има дигитални уреди и можности за осовременување на наставата.фф/

Остани поврзан