Поставени шест засолништа на подрачје на Националниот парк Шар Планина
- Националниот парк Шар Планина информира дека се изградени шест засолништа на различни места во ова заштитено планинско нивното подрачје. Овој вид на инфраструктура е за поголема безбедност и удобност на посетителите на Шара.

Тетово, 19 август 2025 (МИА) – Националниот парк Шар Планина информира дека се изградени шест засолништа на различни места во ова заштитено планинско нивното подрачје. Овој вид на инфраструктура е за поголема безбедност и удобност на посетителите на Шара.
- Поставени се шест засолништа на клучни локации: Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон месностите Три Воде, Рамен Камен и Долна Локва. Објектите нудат засолниште од лошо време и придонесуваат кон поголема сигурност и пријатно доживување за сите љубители на природата, информираат од НП Шар Планина.
Засолништата се изработените со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање преку Програмата за инвестирање во животната средина 2024.
Од НП Шар Планина апелираат да се чуваат засолништата и да не се остава отпад. ас/дма/
Фото: НП Шар Планина