• петок, 22 ноември 2024

Поставени столбови на дополнителен број тротоари во Тетово

Поставени столбови на дополнителен број тротоари во Тетово
Тетово, 11 мај 2022 (МИА) - Тетовската општинска комунална служба денеска постави столбови на дополнителен број тротоари со цел да да се зголеми безбедноста на пешаците.
Поставени се на улици каде досега честа слика беше паркирање возила на тротоарите и со тоа отежанато движење на пешаците како улицата „Јане Сандански“. -Секторот за јавни дејности постави столбови на повеќе тротоари за да се зголеми безбедноста на пешаците и да се создадат услови граѓаните слободно и без пречки да се движат. Преку оваа акција и другите акции што ќе се реализираат наскоро, ја покажуваме посветеноста и грижата што ја имаме за граѓаните и за јавните простори. Столбовите служат за спречување на паркирање на автомобили на тротоари, информираа од Општина Тетово.Од канцеларијата за односи со јавноста при општината информираа дека станува збор за столбови кои беа користени во минатото за означување на велосипедска патека долж булеварот „Илинденска“ кои беа отстранети веднаш по преземањето на власта од градочалникот Биљал Касами во октомври 2021. ас/сст/

Остани поврзан