• недела, 22 декември 2024

Поставена нова урбана опрема на градскиот кеј во Куманово

Поставена нова урбана опрема на градскиот кеј во Куманово
Куманово, 25 ноември 2022 (МИА) - Поставена е нова урбана опрема на градскиот кеј во Куманово, соопштија денеска надлежните. Куманово за набавка на урбана опрема од општинскиот буџет одвои 1.982.400 денари со вклучен данок на додадена вредност. Договорот со избраната компанија од Охрид „Пап компани“ Дооел е склучен на 7 октомври годинава. Согласно договорот опремата ќе се поставува на локации по налог на овластеното лице од општината. Несовесни  граѓани во неколку наврати ја уништија поставената урбана опрема на локалитетот Студена Вода, често се уништуваат и сообраќајните знаци. Неретко се случува откако ќе се обнови комуналната опрема, несовесни граѓани да ја уништат. Од општината апелираа до граѓаните да пријават вандалско однесување и да споделат информации за уништување на заедничкиот имот. Кумановци бараат видеонадзор и пријавување на сторителите. ам/цр  

Остани поврзан