• понеделник, 23 декември 2024

Последното проширување на американската црна листа ги „вкрсти“ власта и опозицијата за Законот за рестриктивни мерки

Последното проширување на американската црна листа ги „вкрсти“ власта и опозицијата за Законот за рестриктивни мерки

Скопје, 20 март 2024 (МИА) – Последното проширување на американската црна листа со функционери од земјава повторно ги вкрсти власта и опозицијата околу Законот за рестриктивни мерки. СДСМ обвинува дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ го блокира носењето во Собранието, додека од таму велат дека има доволно законски решенија да се постапува, но дека власта се плаши да ги користи.

Американскиот Стејт департмент објави дека поради вмешаност во значителна корупција именува повеќе функционери од Западен Балкан на „црната листа“, меѓу кои и поранешната специјална главна обвинителка на Северна Македонија, Катица Јанева и актуелниот градоначалник на Карпош и кандидат за претседател на државата Стевчо Јакимовски.

САД ги проширија санкциите против Иран со 16 дополнителни компании, соопшти денеска американскиот Стејт департмент.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање за ставањето на црна листа на Катица Јанева и Стевчо Јакимовски, вчера рече дека тоа се одлуки на институциите на САД и оти Владата подготвила закон за рестриктивни мерки, но дека тој не може да ја помине собраниската процедура. Притоа го повика пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски да го стави законот на дневен ред на собраниската комисија.

- Со оглед на тоа дека САД се наш стратешки партнер и исто како и ЕУ и Обединетите нации, Владата подготви закон за рестриктивни мерки што е поднесен до Собранието. Го видовте соопштението од СДСМ, јас можам само да повторам дека го повикуваме пратеникот Антонио Милошоски и неговата партија ВМРО-ДПМНЕ да не го блокираат законот и да го пуштат во собраниска процедура, изјави Ковачевски.

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, одговарајќи на прашање за ставањето на црна листа на Катица Јанева, главна обвинителка на СЈО и Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ, рече дека тоа

Според него, очигледно е дека Милошоски од некаква причина го блокира законот да не биде ставен на комисиска расправа и со тоа да не биде донесен.  - Доколку не планираат да го стават тогаш треба да кажат од кои причини тој закон не сакаат да го стават да биде донесен во Собранието, рече Ковачевски.

На ова реагираше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кој во објава на Фејсбук потсети дека земјава веќе има усвоено Закон за меѓународна соработка во кривичната материја, во кој, како што посочува, е предвидена можноста домашен надлежен орган (Министерство за правда или Јавното обвинителство) да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава.

Правниот тим на ВМРО-ДПМНЕ во текот на следните денови ќе го анализира новиот предлог закон за јавно обвинителство, а во текот на следната недела се очекува да биде договорен термин за средба

-  Сумарно: Владата, министерот за правда и ЈО, доколку имаат политичка волја за сериозна борба против корупцијата, имаат важечки законски основ без одолговлекување преку Министерство за правда веднаш да испратат замолница до надлежните органи на САД за достава на сите документи, списи, докази и информации за Рамиз Мерко, Катица Јанева, Стевчо Јакимовски и другите лица на "црната листа". Државниот јавен обвинител може веднаш да оформи заеднички македонско-американски истражен тим и да поведе самостојна или заедничка истражна постапка и да оформи/ да процесуира кривично-правни предмети пред надлежните институции во Македонија, посочува Милошоски.

Овој Закон, според Милошоски, добро е да се надгради и синхронизира со дополнителен закон за рестриктивни мерки, за што претставниците на стручната фела ценат дека е потребна квалитетна јавна расправа.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, прашан во однос на Законот за рестриктивните мерки, вчера рече дека Законот е во Собрание, но е блокиран и изрази уверување дека во иднина ќе помине.

 Испитувањето на претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети од страна на Специјалното обвинителство за воени злосторства во Косово, кое започна вчера претпладне во п

- Ние не ја оспоруваме одлуката на Стејт департментот апсолутно и ќе прифаќаме секаква проценка што ја прави Стејт департментот. САД за нас е најважниот стратешки партнер како што е и ЕУ, рече Ахмети на прашање во врска со градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој исто така се наоѓа на „црната листа“ на САД, а се уште е активен.

По проширувањето на американската црна листа со поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев, на почетокот на годинава актуелниот министер за надворешни работи и кандидат за претседател Бујар Османи, најави дека Министерството за надворешни работи (МНР) планира да ги вметне санкциите од САД и Обединетото Кралство во македонското законодавство преку измени на Законот за рестриктивни мерки.

На црната листа на САД, поради корупција, претходно се најдоа и Никола Груевски, Сашо Мијалков, Кочо Анѓушев, Рамиз Мерко, Орце Камчев, Ратка Камчева и Сергеј Самсоненко. аа/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан