• петок, 05 декември 2025

Посетителите на „Тиквешки гроздобер“ покрај бесплатен паркинг ќе добијат и грозје 

Посетителите на „Тиквешки гроздобер“ покрај бесплатен паркинг ќе добијат и грозје 

Кавадарци, 3 септември 2025 (МИА) - Посетителите на „Тиквешки гроздобер“ покрај бесплатен паркинг ќе добијат и грозје, информираа попладнево од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. 

- Во тек се подготовките за „Тиквешки Гроздобер 2025“. По иницијатива на градоначалникот, сите гости кои ќе го посетат фестивалот во петок, сабота и недела, на трите бесплатни влеза во градот, покрај насоките за паркирање, ќе добијат и симболично изненадување – пакетче со бело и црно грозје од Кав Комерц Кавадарци, соопштија од градоначалничкиот кабинет. 

Притоа истакнаа дека традиционално, на оваа стопанско - културна манифестација, се очекуваат илјадници гости од земјава и странство. 

- Пакетчињата, со грбот на Општина Кавадарци и логото на Тиквешкиот Гроздобер, се изработени во печатницата Гинис од Прилеп, за секој гостин да го почувствува духот на нашиот град и традицијата на Тиквешијата, подвлекоа од кабинетот на Јанчев, повикувајќи на уште една незаборавна приказна под отворено небо. свд/вј/


Фото: Фејсбук страница на градоначалникот Митко Јанчев 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан