Португалската морнарица започна да следи пет руски бродови во Средоземното Море
- Португалската морнарица започна да следи пет руски бродови во Средоземното Море, како и подморницата „Новоросијск“.

Лисабон, 4 јануари 2025 (МИА) - Португалската морнарица започна да следи пет руски бродови во Средоземното Море, како и подморницата „Новоросијск“.
Оваа акција, која започна на 31 декември, претставува 73-та набљудувачка мисија на португалската морнарица во изминатата година. Целта е да се заштити националниот поморски простор, да се зачуваат интересите на Португалија и неговата инфраструктура и да се исполнат меѓународните обврски кон Атлантската алијанса, соопшти португалската морнарица на Инстаграм.
Морнарицата нагласи дека ваквите операции ги спроведува непрекинато, 24 часа на ден, во текот на целата година. ссм/
фото: Инстаграм/Португалска Морнарица