Португалија ремизираше со Хрватска во Лигата на нации, Полска испадна во Б-сегментот
- Репрезентацијата на Португалија синоќа одигра нерешено, 1:1 со Хрватска во натпреварот од групната фаза од Лигата на нации А-сегмент.

Сплит, 19 ноември 2024 (МИА) - Репрезентацијата на Португалија синоќа одигра нерешено, 1:1 со Хрватска во натпреварот од групната фаза од Лигата на нации А-сегмент.
На голот на Жоао Феликс, Хрватите одговорија со прецизен удар на Јошко Гвардиол.
На другиот натпревар од последното коло во групата, Шкотска ја победи Полска со 2:1 и ја прати во Б-дивизијата.
Португалија заврши на првата позиција со 14 бода, Хрватска се најде на второто место со 8, Шкотска е третопласирана со 7, Полска е последната со 4 бода. зс/
Фото: ЕПА