• недела, 22 декември 2024

Портпаролот на кипарската Влада не ги коментираше натписите дека во земјата пристигнала првата пратка од израелскиот системот за воздушна одбрана

Портпаролот на кипарската Влада не ги коментираше натписите дека во земјата пристигнала првата пратка од израелскиот системот за воздушна одбрана

Никозија, 5 декември 2024 (МИА) – Како што е познато, напорите што Република Кипар ги прави во однос на својата одбранбена заштита се постојани и континуирани и не се нешто што е дел од јавната дебата, истакна портпаролот на кипарската Влада Константинос Летибиотис во однос на натписите во медиумите дека во земјата пристигнал дел од израелскиот систем за воздушна одбрана „Железна купола“ (Iron Dome), јави дописничката на МИА од Атина.

Кипарската телевизија „Сигма“ во вторник, повикувајќи се на свои информации објави дека „првата пратка од најсовремениот систем за противвоздушна одбрана од Израел не е само на Кипар и во рацете на Националната гарда, туку е ставена и во оперативна готовност“ и додаде дека во следниот период се очекуваат и останатите делови од нарачката, „кои ќе го комплетираат и обликуваат новиот чадор за воздушна одбрана на Кипар“.

Телевизијата потсети дека во октомври 2021 година, за време на тогашната Владата на претседателот Никос Анастасиадис, Кипар бил во напредни контакти со Израел за набавка на варијанта на „Железната купола“, адаптирана на потребите на Националната гарда. ср/

Остани поврзан