• четврток, 04 декември 2025

Порто го отпушти тренерот

Порто го отпушти тренерот

Порто, 26 јуни 2025 (МИА) - По само пет месеци, Порто се раздели со тренерот Мартин Анселми.

Во сезона во која заврши на третото место, далеку од борбата за титулата, испадна во групната фаза на Светското клупско првенство, на крајот плати тренерот.

Информациите велат дека Анселми ќе бара веднаш да му биде исплатен договорот во целост. А тоа не е мала сума пари за Порто во овој момент - четири милиони евра. Порто продолжува да ги исплаќа платите и на неговиот претходник Витор Бруно.

Останува да се види кого ќе избере клубот да ги води во новата сезона. дс

Фото: Архива

Остани поврзан