• сабота, 27 јули 2024

Пороен дожд наместа со град го зафати Кумановско

Пороен дожд наместа со град го зафати Кумановско
Куманово, 29 мај 2022 (МИА) - Пороен дожд наместа проследен со врнежи од град, силни електрични празнења го зафати Куманово и околните села попладнево. Според податоците на Регионалниот центар за управување со кризи, пријавено е дека има излевање на атмосферска вода на улица „7“ во кумановската населба Карпош и постои можност водата да навлезе во подрумски простории.
Граѓаните од приградските населби информираат дека на одредени места паѓал град во големина на лешник.
- Засега нема пријавено значителни штети од градот, само на неколку места има скршени гранки од дрвја. Жителите на селата можат да пријават на нашиот телефонски број, велат од РЦУК Куманово.
Нестабилното време со врнежи од дожд во Куманово почна претпладнево. ам/ки/

Остани поврзан