• понеделник, 23 декември 2024

Поранешниот претседател на Киргистан ослободен од притвор

Поранешниот претседател на Киргистан ослободен од притвор

Бишкек, 6 октомври 2020 (МИА) - Со одлука на суд, поранешниот претседател на Киргистан, Алмазбек Атамбаев денеска беше ослободен од притвор и тој ќе го помине времето до судењето дома, а не зад решетки.

Сето ова се случува за време на големи немири во Бишкек, главниот град, каде демонстрантите ја урнаа портата на претседателството, а потоа ги ослободија поранешниот претседател Атамбаев и поранешниот премиер Сапар Исаков од притвор.

Јавниот правобранител на Киргистан, Сергеј Слесарев рече дека судот ја преиначил одлуката за притвор.

- Што се однесува до Атамбаев, судот нареди да биде ослободен од притвор и го чека судењето во неговиот дом, рече Слесарев.

Освен Алмазбек, судот ја промени одлуката на сите осомничени кои беа затворени по масовното апсење во киргистанското село Кој-Таш.

Атамбаев беше претседател на поранешната советска република од 2011 до 2017 година и беше во притвор една година. Инспектори на Киргистан го товарат за употреба на сила против полицијата, организирање масовни протести, киднапирања, обиди за убиство, незаконско ослободување на криминален водач од затвор и корупција. паг/

Остани поврзан