• петок, 05 декември 2025

Поранешниот НБА играч Родни Роџерс почина на 54 години

Поранешниот НБА играч Родни Роџерс почина на 54 години

Њујорк, 22 ноември 2025 (МИА) - Поранешниот НБА кошаркар Родни Роџерс почина на 54-годишна возраст, објави Бруклин Нетс.

За време на неговата НБА кариера, тој играше за Денвер, Клиперс, Феникс, Бостон, Њу Џерси, Њу Орлеанс и Филаделфија. Во сезоната 1999/2000, Роџерс беше прогласен за „Шести играч на годината“.

Одигра 866 НБА натпревари, со просек од 10,9 поени, 4,5 скока и 2,0 асистенции.

Во ноември 2008 година, Роџерс имаше несреќа со мотоцикл и по инцидентот остана парализиран од рамената надолу. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан