• вторник, 21 април 2026

Поранешен припадник на ОВК уапсен во РСМ по потерница од Србија, косовското МНР бара негово ослободување

Поранешен припадник на ОВК уапсен во РСМ по потерница од Србија, косовското МНР бара негово ослободување

Приштина, 18 јули 2024 (МИА) – Министерството за надворешни работи и дијаспора на Косово соопшти синоќа дека е информирано за апсењето на косовски државјанин од страна на полицијата на Северна Македонија, врз основа на потерница издадена од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Од косовското МНР информираат дека станува збор за Блерим Рамадани, поранешен припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК) во оперативната зона Неродиме.

- Нашиот амбасадор во Северна Македонија, г. (Фљориан) Ќехаја, интензивно се залага за решавање на овој случај и како Министерство за надворешни работи работиме со македонските власти за брзо ослободување на г. Рамадани. МНР ќе ја информира јавноста за натамошниот развој на настаните во врска со овој случај, се наведува во соопштението. иа/цр

Фото: МИА архива
 

 
 
 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан