• петок, 22 ноември 2024

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур

Порака од претседателот Пендаровски по повод еврејскиот празник Јом Кипур
Скопје, 16 септември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур, упати порака до претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на Eврејската заедница во државава, празникот на помирувањето, покајанието пред Бога и простувањето, да го минат во духовен мир, молитва и надеж. - Овие денови посветени на пост и негување на традицијата се неопходни за одржување на чувството на душевен мир, особено денес кога современиот начин на живеење носи непредвидливост и неизвесност. Премрежјата од минатото испреплетени со предизвиците во иднината, најсилно се чувствуваат во деновите посветени на Господ, а тие се исклучително важни за секој од нас посебно, но и за цврстината на нашите заедници и на општеството во целина, се вели во пораката од Пендаровски. Република Северна Македонија, се вели во пораката, е благодарна за богатството на верските и етничките традиции на своите граѓани, меѓу кои особено е значаен придонесот и на Еврејската заедница. - Упатувајќи Ви Вам и на сите припадници на Еврејската заедница желби за благословен Јом Кипур, посакувам овој период во годината да Ви донесе мир, љубов и среќа, се вели во пораката од Пендаровски, до сите припадници на Eврејската заедница. аа/лв/

Остани поврзан