• петок, 05 декември 2025

Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора

Пораз од Романија за македонските кадетки на ЕП во Црна Гора

Подгорица, 10.август 2025 (МИА) - Кадетската женска ракометна репрезентација на Македонија денеска во натпреварот за 21.место на Европското првенство во Црна Гора загуби од Романија со 40:25 (22:10). Поразот воедно значи и испаѓање од елитното друштво и по две години настап на ЕХФ шампионатот. 

Натпреварот беше решен на самиот почеток. Романија до средина на првиот дел дојде и до највисоките во првиот дел +12 (16:4). Во второто полувреме Романките само ја одржуваа предноста која начесто беше од 13 до 15 голови разлика.

Во репрезентацијата на Македонија најефикасна беше Ања Лашкоска со 7 голови, а Марија Димоска постигна 5.

Македонија Европското првенство за кадетки (ракометарки до 17 години) го заврши на 22.место.   мн/

Фото: Фејсбук Ракометна федерација на Македонија

Остани поврзан