Пораз на македонските одбојкарки на гостувањето во Австрија
- Женската одбојкарска репрезентација на Северна Македонија претрпе пораз од 3:0 во сетови на последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство
Хартберг, 9.август 2025 (МИА) - Женската одбојкарска репрезентација на Северна Македонија претрпе пораз од 3:0 во сетови на последниот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Поуспешни од македонските одбојкарки беа ривалките од Австрија. Резултат по сетови: 25:19; 25:23 и 25:10
Во првиот сет Северна Македонија беше равноправа до 12:12, а потоа Австрија успеа резултатски да направи предност. Во вториот сет македонските одбојкарки беа најблиску до освојување на сет. По водството на противникот од 8:4, ние со серија од 10-3 поведовме со 14:11. Во продолжение на сетот резултатот во неколкунаврати беше изедначен, а последен пат 23:23 за на крајот Австрија да го добие сетот со 25:23. Во третиот сет Австрија беше убедлива и сетот го доби со 15 поени разлика.
Северна Македонија без победа и на третото место ги заврши натпреварите во групата зад Грција и Австрија. мн/
Фото: Фејсбук Одбојкарска федерација на Северна Македонија