• петок, 05 декември 2025

Пораз на Ивановски во изедначен меч во финалето од квалификациите во Загреб

Пораз на Ивановски во изедначен меч во финалето од квалификациите во Загреб

Загреб, 12 мај 2025 (МИА) - Македонскиот тенисер Калин Ивановски во изедначен меч од финалето од квалификациите од Челинџерот Загреб 75 загуби од тенисерот од БиХ Мирза Башиќ со 2-1 во сетови (6-4 3-6 7-6(1)) во меч што траеше 2 часа и 22 минути игра. Ивановски со тоа пропушти шанса за пласман преку квалификациите на главниот турнир на овој Челинџер.

Мечот беше изедначен, а Ивановски на стартот направи брејк и поведе со 2:0 во гемови. Сепак противникот брзо „се врати“ и направи пресврт и поведе со 4:2 во гемови. Калин успеа да направи уште еден брејк за 4:4 во сетот, но Башиќ го доби сетот со 6:4 во гемови. Во вториот сет Ивановски беше тој што имаше контрола над играта и резултатот. Единствениот брејк во шестиот гем го направи Ивановски за водство од 4:2 во гемови, а сетот го доби со 6:3 за 1-1 во сетови. Во решавачкиот сет македонскиот тенисер успеа да одземе сервис на противникот во третиот гем за водство од 2:1 во гемови, а предноста ја имаше до 5:3. Во десеттиот гем Башиќ го врати „брејкот“ и на сервис на Ивановски изедначи на 5:5 во гемови. Сетот и мечот беше решен во тај брејкот, кој со 7-1 на поени го освои Башиќ.

Ивановски за пласманот во финалето од квалификациите ќе добие два поена. дс

Фото: МТФТ

 

Остани поврзан