• недела, 22 декември 2024

Поразениот претседателски кандидат во Авганистан прогласи победа, ќе формира паралелна влада

Поразениот претседателски кандидат во Авганистан прогласи победа, ќе формира паралелна влада
Кабул, 18 февруари 2020 (МИА) - Поразениот кандидат на претседателските избори во Авганистан, Абдулах Абдулах денеска ги оспори конечните резултати од изборите одржани во септември. Абдулах најави дека ќе формира паралелна влада. Авганистанската изборна комисија денеска го прогласи Ашраф Гани за победник на претседателските избори, одржани пред пет месеци. Независната изборна комисија соопшти дека Абдулах го зазеде второто место. Противниците на Гани наведуваат дека гласањето одржано на 28 септември било проследено со масовни измами, технички проблеми со користењето биометриски уреди за гласање, напади и неправилности. паг/  

Остани поврзан