• петок, 22 ноември 2024

Поради недостиг на квалитетни кадри, слаб капацитетот на институциите за искористување на ИПА фондовите

Поради недостиг на квалитетни кадри, слаб капацитетот на институциите за искористување на ИПА фондовите

Скопје, 30 јули 2024 (МИА) - Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска ги запозна членовите на Владата со користењето на средствата достапни преку ЕУ, со фокус на користењето на ИПА II и ИПА III фондовите. Како што информира СЕП, на владината седница Муртезани презентираше извештај за искористеноста на ИПА средствата, преку кој се демонстрира слабиот капацитет на институциите, пред сѐ поради недостиг на квалитетни кадри.

На седницата беа разгледани можностите за подобрување на апсорпцискиот капацитет за користење на ИПА преку приоритетност на вработувањата во ИПА структурата.

-Министерот Муртезани предложи приоритизација на вработувањата во линиските министерства и тоа Министерството за финансии, Министерството за транспорт, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за економија и труд, Министерството за социјална политика, демографија и млади, но и во јавните претпријатија кои ќе ги спроведуваат инфраструктурните проекти. По разгледувањето на Информацијата и деталите во контекст на бавното спроведување и неискористените ИПА средства, како и стратешките мерки за јакнење на ИПА капацитетот преку нови вработувања и Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурата, кои беа детално елаборирани на денешната прес-конференција на МЕП Муртезани, Владата ги задолжи релевантните министерства за соодветно планирање и реализирање на вработувањата, наведува СЕП.

Министерството за европски прашања е задолжено да го финализира текстот на Политиката за задржување на кадарот во ИПА структурите согласно насоките на Европската комисија, најдоцна до октомври 2024 година. мч/дма/

фото: Влада на РСМ

 

Остани поврзан