• сабота, 23 ноември 2024

Поради модернизација утре ќе биде исклучен од редовна работа автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци 

Поради модернизација утре ќе биде исклучен од редовна работа автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци 

Куманово, 29 мај 2024 (МИА) - Поради модернизација на пружни блокови, автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци ќе биде исклучен од редовна работа во 10 часот во текот на утрешниот ден, информираа од ЈП ЖРСМ Инфраструктура. 

Сообраќајот помеѓу овие две станици ќе се одвива во станично растојание, бидејќи патните премини Агино Село-Поле и Дељадровци – Поле ќе бидат исклучени од работа. Сообраќајот на патни премини ќе се одвива согласно постоечките сообраќајни правила и прописи кога патните премини не работат.

-ЈП ЖРСМ Инфраструктура ја известува јавноста дека поради изведување на електромонтажни работи на сигнално сигурносните постројки, односно реализација на проектот модернизација на автоматските пружни блокови, (монтажа на бројачи на оски), автоматскиот пружен блок помеѓу станиците Романовце и Миладиновци ќе биде исклучен од редовна работа во 10 часот на ден 30.05 (среда) 2024 година. Сообраќајот помеѓу овие две станици ќе се одвива во станично растојание бидејќи патните премини Агино Село-Поле и Дељадровци – Поле ќе бидат исклучени од работа. Сообраќајот на горенаведените патни премини ќе се одвива согласно постоечките сообраќајни правила и прописи кога патните премини не работат. Известувањето ќе важи до негово отповикување, информираа од Јавното претпријатие. ам/вј/

Фото: МИА

Остани поврзан