• среда, 22 јануари 2025

Поради магла намалена видливост на патот од Тетово до село Гајре и Кула - Катланово

Поради магла намалена видливост на патот од Тетово до село Гајре и Кула - Катланово

Скопје, 10 јануари 2024 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани и застои, во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост поради магла од 20 до 30 метри има од Тетово до село Гајре и до 100 метри на патот Кула - Катланово.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. сст/бак/

фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан