• сабота, 23 ноември 2024

Попис 2021: 20 проценти од активното население работи во преработувачка индустрија, 17 проценти во трговија

Попис 2021: 20 проценти од активното население работи во преработувачка индустрија, 17 проценти во трговија
Скопје, 1 јуни 2022 (МИА) - Според секторите на дејноста на вработените од вкупното активно население на возраст од 15 и повеќе години, најголем дел или 20 проценти се во Преработувачка индустрија и 17 проценти во Трговија на големо и трговија на мало. Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика. Според секторите на дејноста на вработените од вкупното активно население на возраст од 15 и повеќе години: - 123 347 лица или 20 проценти во Преработувачка индустрија; - 104 185 лица или 17 проценти во Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; - 47 071 лица или 7,7 проценти во Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување; - 42 560 лица или 7 проценти во Дејности на здравствена и социјална заштита; - 40 414 лица или 6,6 проценти во Образование; - 33 705 лица или 5,5 проценти во Градежништво; - 33 441 лица или 5,5 проценти во Транспорт и складирање; - 30 074 лица или 4,9 проценти во Земјоделство, шумарство и рибарство; - 24 640 лица или 4 проценти во Стручни, научни и технички дејности; - 23 623 лица или 3,9 проценти во Објекти за сместување и сервисни дејности со храна; - 20 827 лица или 3,4 проценти во Административни и помошни услужни дејности; - 20 367 лица или 3,3 проценти во Информации и комуникации; - 13 529 лица или 2,2 проценти во Уметност, забава и рекреација; - 11 546 лица или 1,9 проенти во Други услужни дејности; - 11 163 лица или 1,8 проценти во Финансиски дејности и дејности на осигурување; - 10 457 лица или 1,7 проценти во Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината; - 8 327 лица или 1,4 проценит во Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; - 4 333 лица или 0,7 проценти во Рударство и вадење на камен; - 2 083 лица или 0,3 проценти во Дејности во врска со недвижен имот; - 255 лица или 0,04 проценти во Дејности на домаќинствата како работодавачи; - 739 лица или 0,12 проценти во Дејности на екстратериторијални организации и тела; - 1 834 лица или 0,3 проценти во непознати дејности. аа/са/

Остани поврзан