• сабота, 23 ноември 2024

Попис 2021: Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство

Попис 2021: Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство
Скопје, 29 април 2022 (МИА) - Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Северна Македонија, 53 201 се државјани на Република Северна Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство. Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите - 30 003, отколку жени - 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени - 2824, од мажи - 1 379. По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години - 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години - 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години - 15 171 или 28,5 проценти. Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство. Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни - 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби - 10,7 проценти. аа/сп/

Остани поврзан