• петок, 05 јули 2024

Помпео ќе ги посети окупираните Голански висорамнини и Западниот брег

Помпео ќе ги посети окупираните Голански висорамнини и Западниот брег
Вашингтон, 19 ноември 2020 (МИА) - Мајк Помпео најави дека ќе ја оствари првата посета како американски државен секретар на израелските окупирани Голански висорамнини, откако пропалестинското движење БДС го нарече „антисемитски рак“. Минатата година администрацијата на претседателот Доналд Трамп донесе контроверзна одлука за признавање на израелскиот суверенитет над Голан, кој еврејската држава го презеде од Сирија за време на Шестдневната војна во 1967 година. - Денеска ќе имам шанса да ги посетам Голанските висорамнини. Самото признавање на ова како дел од Израел ... беше одлука на претседателот Трамп која е историски важна и едноставно ја признава реалноста, рече Помпео на прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Помпео исто така рече дека Вашингтон ќе преземе акција против антиизраелската кампања на Бојкот, изолација и санкции (БДС), која се обидува да го изолира Израел поради односот кон Палестинците. - Вашингтон ќе ја разгледа глобалната антиизраелска кампања на БДС како антисемитска. Веднаш ќе преземеме акција за идентификување на организациите поврзани со БДС и за повлекување на владината поддршка за ваквите групи. Ќе застанеме покрај сите други земји кои го признаваат движењето БДС како рак, рече тој. Израел гледа на БДС како стратешка закана и долго време го обвинуваше за антисемитизам. паг/    

Остани поврзан