• вторник, 05 ноември 2024

Помалку познати рани знаци на рак што луѓето ги занемаруваат

Помалку познати рани знаци на рак што луѓето ги занемаруваат

Мајами, 24 март 2023 (МИА) - Грутки и чувство на туѓ предмет во телото не се единствените симптоми коишто може да укажуваат на некој вид рак. Лекарите предупредуваат дека постојат необични симптоми кои доколку навреме се забележат, тоа може да помогне за порано откривање, а со тоа и поголема можност за лекување и закрепнување.

Постојано чешање

Честата силна потреба за чешање може да укажува на рак. Д-р Крег Московиц од Универзитетот на Мајами во САД, смета дека чешањето е толку необичен симптом што луѓето често одат кај својот матичен лекар или дерматолог за да најдат решение. Ако дерматологот не може да ја открие причината за чешањето, осигурете се да нема дијагноза на малигнитет, истакнува лекарот.

Спуштен очен капак

Тоа, обично, е еден од знаците на стареење, или пак, може да биде резултат на повреда... Но, може да биде и симптом на туморот Панкост, којшто се појавува на горниот дел на белите дробови. Онкологот Абирами Сивапирагасам од Њујорк наведува дека еден од првите знаци за тоа е и силната болка во рамото.

Надуеност

Многу луѓе имаат повремени болки во стомакот, а тоа може да биде признак дека човекот не поднесува одредени секојдневни намирници, синдром на нервозно дебело црево, или, кај жената може да биде и знак за рак на јајниците.

Рапав глас

Некои луѓе привремено го губат гласот кога ќе настинат. Важно е да се внимава на засипнатоста којашто трае долго. Ракот може да предизвика болка во грлото, увото или грутка во вратот и тоа може да се прошири на тироидната жлезда, душникот или хранопроводот. Симптомите се воспалено грло или кашлица што не поминува, тешкотии или болка при голтање, грутка во вратот или грлото и засипнатост во гласот.  си/

Остани поврзан