• петок, 22 ноември 2024

Пол Џорџ би можел да игра против Јута

Пол Џорџ би можел да игра против Јута
Лос Анџелес, 29 март 2022 (МИА) – Ѕвездата на Лос Анџелес клиперс, Пол Џорџ, би можел да се врати на теренот утре против Јута. Од таборот на Клиперси му даваат шанса на Џорџ 50/50 за настап на претстојниот натпревар. Џорџ нема играно од Божик поради скинати странични лигаменти на десниот лакт. Првично беше објавено дека напаѓачот ќе пропушти три до четири недели. Кошаркарот веќе имаше неколку тренинзи во формат 5 на 5. Клиперси се на 8. место во Западната конференција од НБА-лигата и имаат шанса можност да се пласираат во плејофот. зс/

Остани поврзан