• четврток, 09 октомври 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Пол се врати во Лос Анџелес

Пол се врати во Лос Анџелес

Лос Анџелес, 21.јули 2025 (МИА) - Повеќекратниот Ол стар играч Крис Пол конечно донесе одлука каде ќе настапува следната сезона. Од неколкуте понуди на крајот избра повторно да го носи дресот на ЛА Клиперс. 

Пол, кој има 40 години се враќа во овој клуб, од каде замина во 2017 година, а потоа настапуваше за Хјустон, Оклохама, Феникс, Голден Стејт и Сан Антонио. 

Најавите се дека ова може да биде и негова последна сезона, бидејќи играчот е далеку од својата врвна форма, но со Џејмс Харден ќе се обидат да бидат „носители“ на играта на „клиперси“.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан