• сабота, 23 ноември 2024

Полскиот претседател Анджеј Дуда во официјална посета на Северна Македонија

Полскиот претседател Анджеј Дуда во официјална посета на Северна Македонија
Скопје, 19 ноември 2021 (МИА) - Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе биде домаќин на претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. Претседателот Дуда, ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации. Во рамки на официјалната посета на Република Северна Македонија, претседателот Дуда ќе има средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со претседателот на Владата Зоран Заев. Пендаровски и Дуда ќе присуствуваат и ќе имаат обраќања на Македонско-послиот бизнис форум што ќе се одржи во хотел  Мериот. Двајцата претседатели ќе положат и венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“. цр/са/  

Остани поврзан