Шикорски за ракетите со долг дострел против Русија: Тоа е јазик што Путин го разбира
- Овластувањето што Вашингтон му го даде на Киев за напад на руска територија со ракети со долг дострел е „јазик што (рускиот претседател Владимир) Путин го разбира“, изјави синоќа полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.
Варшава, 18 ноември 2024 (МИА) - Овластувањето што Вашингтон му го даде на Киев за напад на руска територија со ракети со долг дострел е „јазик што (рускиот претседател Владимир) Путин го разбира“, изјави синоќа полскиот министер за надворешни работи Радослав Шикорски.
„На влегувањето на севернокорејските сили во војната и на масовниот руски ракетен напад, американскиот претседател Џо Бајден одговори на јазик што Путин го разбира“, напиша Шикорски на социјалната мрежа Х.
Според него, жртвата на нападот има право да се брани.
Администрацијата на Бајден ќе и дозволи на Украина да користи оружје обезбедено од САД за напади длабоко на руска територија, што претставува промена во политиката на Вашингтон во украинско-рускиот конфликт, објавија странските агенции. паг/
Фото: ЕПА