Полската црква пријави 368 случаи на сексуална злоупотреба на деца од свештеници
- Полската католичка црква во својот последен извештај за случаите на сексуално злоставување малолетни лица наведе дека во периодот од 2018 до 2020 година 292 припадници на свештенството вероја
Варшава, 28 јуни 2021 (МИА) - Полската католичка црква во својот последен извештај за случаите на сексуално злоставување малолетни лица наведе дека во периодот од 2018 до 2020 година 292 припадници на свештенството веројатно злоставувале повеќе од 368 момчиња и девојчиња.
Извештајот, објавен денеска, доаѓа во момент кога Ватикан ги истражува извештаите за сексуално насилство и недостиг на одговор од црковните водачи во Полска, претежно католичка земја каде што свештенството е високо ценето.
Ватикан неодамна казни неколку полски бискупи и надбискупи за небрежност и им забрани да вршат црковни служби.
На виртуелна прес-конференција, поглаварот на полската римокатоличка црква, архиепископот Војчех Полак повторно им се извини на жртвите и побара од нив прошка.
Во првиот извештај на Полската римокатоличка црква, што се однесуваше на периодот од 1990 до 2018 година, беа наведени случаи во кои се вклучени 382 членови на свештенството, кои веројатно извршиле сексуално насилство врз 625 малолетни лица. Имињата на 42 духовници се појавуваат и во новиот извештај составен од црквата. паг/