• петок, 05 декември 2025

Положено цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“

Положено цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“

Скопје, 23 октомври 2025 (МИА) - По повод 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, делегации од Собранието, од Владата и од Кабинетот на претседателката на државата, денеска положија цвеќе на споменикот „Основачи на ВМРО“ во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Цвеќе положија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, пратениците Катерина Димитровска и Малиша Станковиќ, како и повеќе граѓани. дма/

Фото:МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан