• четврток, 26 март 2026

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар

Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар

Скопје, 16 август 2025, (МИА) -Денеска (16.08.2025) околу  14 часот во СВР Скопје е пријавено дека во реката Вардар во Скопје, под мостот на ул. "Војвода Васил Чакаларов" има женско лице, известува МВР.

Од страна на полициски службеници од ПС Карпош веднаш е постапено по пријавата и по пристигнување на местото на настанот, било утврдено дека лицето дава знаци на живот и од страна на полициските службеници жената е извадена од реката, по што со Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар при комплекс клиники "Мајка Тереза" во Скопје за укажување на помош, се вели во известувањето на Министерството.

фото и видео: МВР

 

Остани поврзан