• недела, 22 декември 2024

Полицијата сомничи гевгеличанец дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско

Полицијата сомничи гевгеличанец дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско

Струмица, 29 јули 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Т.М.(26) од Гевгелија заради сомнение дека физички нападнал и извршил обљуба врз малолетничка од валандовско, при што ѝ дал да користи марихуана, соопштија денеска од СВР Струмица.

-Со судска наредба бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени грендери и други предмети со остатоци од марихуана, како и други предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со кривичното дело, информираа од СВР Струмица.

Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. рт/дма/


Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан