• сабота, 23 ноември 2024

Полицијата прекина семејна веселба во угоситителски објект во Тетово на која присустувале 40 лица

Полицијата прекина семејна веселба во угоситителски објект во Тетово на која присустувале 40 лица
Скопје, 13 март 2021 (МИА) - Семејна веселба во угостителски објект, на која биле присутни 40 лица прекина вчера полицијата во Тетово, а сопственикот на локалот е приведен. Како што соопшти МВР вчера во 18:30 часот од полициски службеници од СВР Тетово заедно со инспектори од Државен пазарен инспекторат Тетово била извршена контрола  во угостителски објект во Тетово, каде било утврдено дека во објектот имало организирано семејна веселба и имало присутни околу 40 лица. Лишен од слобода е И.Б.(38) од Тетово, управител на објектот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ по член 206 од КЗ на РСМ. По документирање на случајот ќе следат соодветни поднесоци. ац/

Остани поврзан